Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне се очекува нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).
Видете и ова: Временска прогноза - сончево време и температури до 25 степениМинималната температура ќе биде од 2 до 10 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 12 до 19 целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 целзиусови степени.