Белата куќа денеска (25 март) соопшти дека никаква доверлива информација не протекла кога планот за напад на Хутите во Јемен по грешка бил споделен со американски новинар, што е неверојатен безбедносен пропуст за кој се дозна во понеделникот, пренесува АФП.
„Не се зборуваше за 'воени планови'“ и „не беа споделени никакави доверливи информации во дискусијата“, напиша портпаролката на Белата куќа Керолин Левит на „Икс мрежа“.
„Белата куќа се обидува да открие како бројот на (Џефри) Голдберг ненамерно бил додаден во разговорот“, додаде Левит, мислејќи на главниот уредник на Атлантик.
Белата куќа потврди во понеделникот дека главниот уредник на списанието Атлантик по грешка бил вклучен во високо доверлив групен разговор со група високи американски функционери посветен на нападите против Хутите во Јемен.
Ова несомнено се смета за еден од најсериозните безбедносни пропусти во поновата воена историја на САД, оценува АФП.
Голдберг во долгата статија во понеделникот (24 март)откри дека однапред, преку апликацијата за пораки Сигнал, добил детален план за нападот на 15 март извршен од американската војска против оваа бунтовничка група во Јемен.
„Секретарот за одбрана Пит Хегсет ми го испрати планот за напад“ два часа пред почетокот на нападот, вклучувајќи „прецизни детали за оружјето, метите и распоредот“, пишува Џефри Голдберг, главен уредник на престижното списание „Атлантик“.
Видете и ова: Израел соопшти дека го одбил нападот на бунтовниците ХутиГолдберг објаснува дека во тој групен разговор имало вкупно 18 луѓе, меѓу кои, според него, државниот секретар Марко Рубио, потпретседателот Џеј Ди Венс и шефот на Централната разузнавачка агенција Џон Ретклиф, како и секретарот за одбрана Пит Хегсет.
До 15 март, тој видел серија пораки од највисоките функционери на американската влада, вклучително и онаа од Пит Хегсет од 15 март, во која се опишани неодамнешните напади.
Новинарот рече дека, додека не излегле првите информации за вистинските напади, тој „силно се сомневал“ во кредибилитетот на оваа група.
„Не знам ништо за тоа“, рече претседателот Доналд Трамп во понеделникот, додека бројни пратеници го осудија протекувањето на информации
Денеска, во телефонски разговор со NBC, Трамп рече дека вклучувањето на новинарите во групата за доверливи дискусии е „грешка“ која на крајот „не била сериозна“.
Тој додаде дека Мајк Волц, советникот за национална безбедност, „научил лекција“ од оваа грешка.