Турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го номинираше градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, за кандидат на претседателските избори во 2028 година, и покрај неговото апсење, соопшти во денеска (24 март 2025) партијата на која припаѓа Имамоглу.
ЦХП, главната опозициска сила во Турција, одржа партиски избори во неделата за да номинира претседателски кандидат.
Имамоглу, главниот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше единствениот кандидат на партијата.
Видете и ова: Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу во притвор до почетокот на судењетоГрадоначалникот беше одведен во затворот Силиври, западно од Истанбул, во неделата, заедно со неколку други обвинети под обвинение за корупција.
Неодамнешното апсење на Имамоглу предизвика протести во Турција, каде неколку стотици луѓе беа уапсени во девет градови.
Поддржувачите на опозицијата порачаа дека протестите ќе продолжат.