Рубио и Нетанјаху разговарале за израелските напади врз Газа

Американскиот државен секретар Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Американскиот државен секретар Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Американскиот државен секретар Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговарале за израелските операции во Газа, соопшти Стејт департментот.

Во вчерашниот израелски воздушен напад врз болница во Газа загинаа пет лица, меѓу кои и политички лидер на Хамас. Израел тврди дека цел на нападот бил клучен член на милитантната група. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека е погоден хируршкиот оддел на болницата Насер во Кан Јунис. Израелската војска соопшти дека нападот следел по детални разузнавачки податоци и употреба на прецизна муниција за да се минимизира штетата.

Видете и ова: Најмалку 70 Палестинци загинале во најновите израелски напади во Газа

Хамас соопшти дека е убиен член на нејзината политичка канцеларија Исмаил Бархуми.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека тоа е Бархуми. Војската не ја именуваше целта, но го опиша како „клучен терорист“ на Хамас.

Израелските напади предизвикаа осуда кај светската јавност, а се проценува дека во последните израелски напади загинале стотици луѓе.