Во моментов има 116 лица кои се лечат надвор од нашата земја и тоа во 14 држави, истакна министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на денешната прес конференција.
31 пациент има во Србија, 15 во Бугарија, 12 во Турција, 12 во Грција, 7 во Шпанија, 6 во Австрија, 6 Унгарија, 5 во Романија, 4 Белгија, 4 Литванија, 4 Хрватска, 4 Словенија, 4 Шведска, 2 Полска.
„Однапред ние резервираме хотел, купуваме авионски карти, информираме дека ние ќе ги платиме трошоците за телефон, добиваат дневница/средства за тековни трошоци. Скоро сите граѓани се опфатени во директна комуникација со нашите Амбасади. Обезбедуваат логистичка поддршка, превод, комуникација со болницата. Не е лошо што граѓаните помагаат, но треба да знаат дека државата мисли на секој трошок што може да настане“, рече Муцунски.
Тој исто така истакна дека денеска, веднаш по прес конференцијата МНР ќе има прв координативен состанок на кој ќе се зборува и ќе се направи план за враќање на пациентите во земјава и кај нивните семејства.
Видете и ова: Тошковски: Проширување на истрагата за пожарот доколку се обезбедат докази за инволвираност на други лицаТој смета дека дел од пациентите уште следнава недела би можеле да бидат во таква здравствена состојба што би можеле да се вратат и тука да го продолжат лекувањето.
Инаку до сега се собрани 52 милиони денари за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани и нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.
Од организацијата информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства, кои ќе бидат наменети за најитните потреби на погодените граѓани.