Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе одржи седница втор ден по ред за палестинските територии, овојпат фокусирајќи се на повеќемесечните напади на Израел врз окупираниот Западен Брег.
На седницата на Советот што се одржа вчера (20 март) стана збор за ситуацијата во Газа. Заменик-рускиот амбасадор во ОН, Дмитри Полиански ги критикуваше израелските лидери дека не преминале на втората фаза од договорот за прекин на огнот, која предвидува ослободување на сите затвореници и траен прекин на борбите.
Тој рече дека е тешко да се разговара за иднината кога се чини дека израелските воени и политички лидери донеле одлука во корист на војна.
Видете и ова: Најмалку 70 Палестинци загинале во најновите израелски напади во ГазаБританскиот заменик - амбасадор Џејмс Кариуки го осуди „предупредувањето на израелскиот министер за одбрана Израел Кац за целосно уништување на Газа“.
„Велика Британија повикува на повторно пружање помош на Газа, истрага за наводите за сексуално и родово насилство врз палестинските затвореници од страна на израелските сили и итно враќање на договорот за прекин на огнот“, рече Кариуки.
Во меѓувреме, најмалку 85 Палестинци биле убиени ширум Газа во текот на ноќта, со што бројот на загинати откако Израел го прекрши примирјето со Хамас се зголемил на речиси 600, соопштија локалните здравствени власти. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.
Во текот на ноќта, во напад на семејна куќа во близина на градот Кан Јунис загинале најмалку 16 лица, главно жени и деца. Министерството за здравство на Газа соопшти дека најмалку 592 лица биле убиени во израелските напади во изминатите неколку дена.