Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара, со поддршка на напорите за стабилизирање на земјата, потврдувајќи ја подготвеноста на Москва за „практична соработка“ со Сирија за ова прашање, соопшти Кремљ.
„Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до шефот на сириската држава Ахмед ал Шара, во која ги поддржа напорите за што поскоро стабилизирање на ситуацијата во земјата во интерес на обезбедување на нејзиниот суверенитет, независност, единство и територијален интегритет“, изјави денеска (20 март) портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Видете и ова: ЕУ вети повеќе од 5 милијарди евра за СиријаСпоред него, во пораката до Ал Шара, Путин ја потврдил и подготвеноста на Русија да развие „практична соработка“ со сириското раководство за сите прашања на агендата.
„Потврдена е непоколебливата подготвеност на Русија да развие практична интеракција со сириското раководство за целиот спектар на прашања од билатералната агенда со цел зајакнување на традиционално пријателските руско-сириски односи“, рече Песков.
Неодамна Европската Унија (ЕУ) вети 5,8 милијарди евра за помош на новите сириски власти, кои се соочуваат со хуманитарни и безбедносни предизвици по падот на Башар ал Асад.
Ветувањата дадени вечерта на 17 март на собирот во Брисел се помалку од минатогодишните 7,5 милијарди евра грантови и заеми, а претставниците на ЕУ како главен фактор ги наведоа кратењата на американската помош.
Видете и ова: Што ни кажуваат фактите за насилствата во Сирија?Хајат Тахрир ал-Шам, групата што го собори Асад, е прогласена за терористичка организација од ОН, но ЕУ сака да соработува со новите власти се додека тие ги одржат ветувањата дека транзицијата ќе биде инклузивна и мирна.
Според ОН, Сирија изгубила 40 години развој поради војната и ќе и треба најмалку една деценија да се врати во предконфликтната состојба, а поради економската криза речиси целото население живее под прагот на сиромаштија.