Ако инвестираме доволно во одбраната и ако ги зајакнеме одбранбените капацитети, со тоа ќе го одвратиме агресорот од напади, порача Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика пред почетокот на денешниот Самит на Европската Унија во Брисел (20 март).
„Ако не го правиме тоа, слабоста го повикува агресорот да не нападне. Затоа мора да направиме повеќе за да не дозволиме да се случи тоа“, додаде Калас.
Таа истакна дека ја поздравува најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се обидуваат да обезбедат дополнителна противвоздушна одбрана за Украина, додавајќи дека тоа е исклучително важно, па затоа на денешниот Самит ќе се разговара за тоа што ЕУ може повеќе да направи за поддршка на Киев, но и за сопствената одбрана.
„Ако ги слушате изјавите на лидерите, тогаш поддршката е голема и тоа треба да се види и со дела, со бројки, со реална муниција што и е потребна на Украина. Затоа, навистина се надевам дека тоа ќе го придвижиме напред“, рече Калас, додавајќи дека ако лидерите на ЕУ имаат резерви кон преземањето долгорочни обврски, тогаш треба да донесат одлуки на краток рок за непосредните потреби на Украина.
Видете и ова: Украина и европската одбрана главни теми на мартовскиот Самит на ЕУТаа потсети на предложената инцијатива за воена поддршка на Украина, која, како што рече, во голема мерка е во согласност со барањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за муниција во вредност од пет милијарди евра.
„Треба да почнеме со конкретни чекори, не само зборови, туку и навистина да и помагаме на Украина, бидејќи колку што таа е посилна на бојното поле, толку ќе биде посилна на преговарачката маса“, рече Калас, додавајќи дека со нетрпение очекува од Зеленски да ги чуе неговите впечатоци од вчерашниот разговор со Трамп.
Видете и ова: По новите руски напади, Трамп предлага американска сопственост над украинските електраниВисоката претставничка на ЕУ додаде и дека на Самитот ќе се разговара и за конкурентноста и потребата од зголемени инвестиции во одбраната, како и за Белата книга за одбраната на Европа, што вчера ја презентираше Европската комисија.