Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА.
Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.
Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и лицето, како и на горните и долните дишни патишта, што дополнително ја комплицира нивната здравствена состојба. Според д-р Димитров, тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план.
„Ќе биде направено сè што е потребно, болницата располага со сите неопходни ресурси“, нагласи тој.
Видете и ова: Коцевски: Обвинителството даде наредба да се апси секој сомнителен за пожарот во дискотоДодаде дека сите пациенти биле донесени во тешка состојба на термички шок, што е сериозна закана за организмот, независно од брзината на лекарската интервенција.
Центрите за снабдување со крв во Софија, Пловдив и Стара Загора одговорија на потребите на болницата за крв, но д-р Димитров упати апел дека крводарувањето не смее да запре и останува постојана потреба.
„Сега претстојат средби со семејствата на пациентите кои беа транспортирани од Кочани“, додаде тој.
Видете и ова: Истрага за пожарот во Кочани - над 20 осомничени за трагедијатаШест други повредени лица се примени во Воената болница во Варна и во болницата „Св. Георги“ во Пловдив. Бугарија презеде обврска да прими 14 лица на лекување.