Министерството за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство до овој момент има осомничено 20 лица, од кои 15 се во полициска станица во врска со синоќешниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
За четирите лица за кои беше распишана централна потерница, Тошковски информираше дека се обезбедени.
„Дел од осомничените за предизвикување на овој настан се починати, согласно сомненијата кои ги имаме досега, дел се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена во бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои се во полициска станица, се луѓе кои имаат директна вина со настанот согласно доказите досега“, рече Тошковски.
Видете и ова: Истрага за пожарот во Кочани - над 20 осомничени за трагедијатаСпоред информациите кои ги сподели министерот, приведено е едно лице кое е организиратор на настанот за кое постои сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина.
Приведени се и поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен и сегашен раководител на сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени, организаторите на самиот настан, некои биле во рамките на обебзедување и дел на други активности кои се случувале вечерта.
Министерот Тошковски кажа дека фирмата имала нелегална лицанца издадена во 2024 година, која е фалсификувана и добиена на коруптвен начин.
„Не би сакал да откривам повеќе детали бидејќи сме во рана фаза од истражната постапка. И оваа лиценца и многу други работи во Македонија е поврзана со мито и корупција. За разлика од претходно, имаат име и презиме на оние кои се вклучени во нелегалното издавање на лиценците и тие ќе одговораат“, посочи Тошковски.
Видете и ова: Коцевски: Истрагата за пожарот ќе биде целосна и брзаУтврдени се повеќе од 20 повредени и 3 починати малолетни лица.
„Имало околу 500 лица, 250 карти се продадени. Имињата на починатите, по завршување на идентификацијата ќе бидат доставени до семејствата. Идентификувани се најголем број од жртвите, сите тела се извадени од лице место. Во критична состојба има 22 лица и дел од овие лица ќе бидат пренесени во Бугарија, Грција и таму ќе им се даде соодветен третман за лекување“, изјави Тошковски.
Според последната изјава на Тошковски, нема промена во бројот на починати и тој изнесува 59 загинати.