Папата Франциск, преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин упати порака на сочувство по пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Северна Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.
Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.
Тој исто така увери дека сеќавањето на жртвите ќе го задржи во своите молитви.
Бројот на загинати лица во пожарот во дискотеката во Кочани се искачи на најмалку 59 лица, а бројот на повредени кои се хоспитализирани низ болниците низ Северна Македонија е 155.
Видете и ова: Истрага за пожарот во Кочани - над 20 осомничени за трагедијатаОбвинителството започна истрага за пожарот во градот на истокот, а министерот за внатрешни работи соопшти дека е распишана централна потерница за четири лица.