Момче на возраст од 16 години било повредено од огнено оружје во пределеот на едната рака кај Бит Пазар во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.39 часот во СВР Скопје дека се случил на улицата „Војдан Чернодрински“ кога едно лице од огнено оружје пукало во 16-годишник од Скопје и го напуштило местото.
„Малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош“, наведуваат од МВР.
Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум.
МВР презема мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.