Судот во Финска осуди Русин за воени злосторства извршени во источна Украина во 2014 и 2015 година. Рускиот ултранационалист Јан Петровски, познат и како Воислав Торден, е осуден на доживотен затвор.
Финските обвинители го обвинија Торден, поранешниот командант на диверзантската група Русич, за воени злосторства извршени во Украина во 2014 година. Тој е поврзан со смртта на 22 украински војници и со ранувањето на уште четворица.
Групата Русич се бореше против украинските сили во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина.
Роден Јан Петровски во 1987 година во Санкт Петербург, Торден се преселил во Осло во 2004 година со неговата мајка. Потоа редовно ја посетувал Русија, каде се сретнал со поранешниот падобранец и националист Александар Милчаков.
Видете и ова: „Не земајте затвореници“- сведочење на руски војник за наводна егзекуција на бојното полеВо 2014 година, тие отпатуваа во украинскиот регион Донбас за да ги поддржат сепаратистите поддржани од Русија во нивната борба против украинските сили.
Торден беше депортиран од Норвешка во Русија во 2016 година, каде што наместо Јан Петровски го зеде името Воислав Торден.
Тој влегол во Финска во 2023 година како член на семејството на неговата сопруга, која добила дозвола за студирање. Торден беше приведен на аеродромот во Хелсинки на 20 јули 2023 година, кога се обидел да се качи на лет за Франција.
По неговото апсење, украинските власти побараа негова екстрадиција, но Врховниот суд на Финска го одби барањето, наведувајќи ја загриженоста за условите во украинските затвори и можноста Торден да се соочи со понижување во притвор.