Временска прогноза - сончево време и температури до 25 степени

Скопје, архивска фотографија

Скопје, архивска фотографија

Во Берово изутрина во 7 часот се измерени - 4 степени, -3 во Битола, -2 во Маврови Анови, -1 во Скопје-Петровец, Струмица, Тетово и Велес, 0 степени во Демир Капија, Гевгелија и Охрид, 1 во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Претор, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Кавадарци, 3 во Попова Шапка, 5 во Крушево, а 6 во Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На Попова Шапка има 15 сантиметри снег.

Како што најави УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност.

Видете и ова: Сончево и топло време, температури до 23 степени

Ќе дува слаб јужен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.