Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Jол, кој беше отстранет од функцијата со импичмент од парламентот е ослободен од притвор откако, Судот ја поништи наредбата за негово апсење, поради која беше задржан во средината на јануари годинава, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Јун беше уапсен во неговата резиденција во Сеул од вториот обид, по обвинение за бунт, откако неговите телохранители и десетици поддржувачи првично го спречија пристапот на службениците на јужнокорејското Биро за истрага на корупцијата во високите ешалони на власта.
Видете и ова: Започнува судењето на суспендираниот јужнокорејски претседател ЈунСудскиот процес против него, по обвинение за организирање државен удар, започна на 20 февруари во Централниот окружен суд во Сеул.
Конзервативниот претседател предизвика политички хаос во Јужна Кореја на 3 декември минатата година, кога прогласи воена состојба и испрати војска во парламентот.