Портпаролката на француската Влада денеска (5 март) изјави дека е планирано заедничко патување на францускиот и украинскиот претседател и британскиот премиер во Вашингтон.
Таа истакна патувањето на Емануел Макрон, Володимир Зеленски и Кир Стармер треба да се реализира за краток рок, но не прецизираше датум.
Макрон претходно најави дека вечерва ќе се обрати до нацијата, а за утре е закажан посебен Самит на европските лидери посветен на одбраната на Украина.
Видете и ова: Макрон ќе и се обрати на нацијата во врска со глобалната „неизвесност“Во обраќањето во Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го информирал дека е подготвен за разговори со Русија за ставање крај на војната во неговата земја и понудил да потпише договор за минералните ресурси на Украина „во секое време“.
По една недела метеж што кулминираше со објавата на САД за прекин на воената помош за Украина по жестоката размена меѓу двајцата лидери, Трамп на заедничката седница на Конгресот на 4 март рече дека Зеленски му испратил писмо во кое изразува подготвеност да седне на преговарачка маса.