Кина ќе го зголеми својот воен буџет за 7,2 отсто оваа година, предвидено е во нацрт-буџетот претставен денеска (5 март) на Националниот народен конгрес.
Со ова зголемување, воениот буџет достигнува 1,78 трилиони јуани (околу 245 милијарди долари).
Истото процентуално зголемување беше направено и минатата година, јавува ДПА.
Порастот на трошоците за одбрана доаѓа во услови на зголемени тензии околу Тајван и територијалните спорови во Јужното Кинеско Море, каде што Пекинг има сè поекспанзивни барања.
Видете и ова: Пекинг за новата американска помош за Тајван: Вашингтон да не си игра со оганТајван се управува самостојно од 1949 година, но Кина го смета за дел од својата територија и не ја исклучува можноста за присилно обединување.