Кандидатот за канцелар на конзервативниот блок, Фридрих Мерц има можност да го наследи социјалдемократот Олаф Шолц на таа позиција по денешните парламентарни избори на 23 февруари на коишто опозицискиот блок на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ освоија најмногу гласови, покажаа излезните анкети.
Блокот на Мерц ЦДУ/ЦСУ првото место го освои со 28,5 отсто од гласовите, а по него е Алтернатива за Германија (АфД) со 20 отсто, што е рекорден резултат за екстремно десничарската партија, пренесува Ројтерс.
СПД на Шолц освои 16,5 отсто од гласовите, што е најлошиот резултат досега за партијата на левиот центар, покажа проекцијата.
Видете и ова: Германски избори: Опозицискиот блок ЦДУ/ЦСУ освои најмногу гласови, АфД постигна рекордНа предвремените парламентарни избори беа избрани 630 пратеници во новиот Бундестаг.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаа 59,2 милиони граѓани.
Покрај 59,2 милиони гласачи, податоци на здружението за статистика Дестатис, во самата Германија право на глас имаа и над три милиони германски државјани во странство.
На изборите за функцијата канцелар се натпреваруваа петмина партиски кандидати.
Кандидати за канцелар номинираа партиите: Демохристијаните (ЦДУ и ЦСУ), социјалдемократската СПД, Зелените, десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и левичарската популистичка Алијанса на Сахра Вагенкнехт (БСВ).