Во затворот Идризово запленети пари, мобилни телефони и марихуана

Затворот Идризово, илустративна фотографија.

Затворот Идризово, илустративна фотографија.

Во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, при претрес на влез во установата, кај осудениците Н.А., Х.А., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони, соопшти МВР.

Дополнително, при преглед на возилото со кое пристигнале осудениците, полицијата открила марихуана и уште еден мобилен телефон.

Видете и ова: Пандов: Затворениците повторно ќе бидат ангажирани со општокорисна работа

Случајот е пријавен во СВР Скопје во 20:00 часот.

Надлежните служби преземаат мерки за негово целосно расчистување на случајот.