Aмериканскиот претседател Доналд Трамп на 21 февруари го смени претседателот на здружениот Генералштаб и разреши уште пет други адмирали и генерали во големото поместување во највисокото раководство на американската војска.
Отстранувањето на генералот на воздухопловните сили СК Браун, кој беше претседател на Здружениот Генералштаб од 2023 година, откако беше назначен од поранешниот претседател Џо Бајден, беше објавено од Трамп на неговата платформа за социјалните медиуми Truth Social.
Браун, вториот афро-американски офицер кој служел како претседател на Здружениот Генералштаб во историјата на САД, се очекуваше да го заврши својот четиригодишен мандат во септември 2027 година.
Видете и ова: ОН одмерува две резолуции за третата годишнина од војната во УкраинаВо соопштението на Пентагон се вели дека Трамп ќе го номинира пензионираниот генерал-полковник Ден „Разин“ Кејн за наследник на Браун. Поранешен пилот на борбениот авион Ф-16, Кејн беше помошник директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за воени работи.
Пентагон одделно објави дека Трамп ќе ги замени челниците на американската морнарица, позиција на адмирал Лиза Франчети, првата жена што ја предводи воената служба, и заменик-началникот на Генералштабот на воздухопловните сили, генерал Џим Слајф. Разрешени беа и главните судии за армијата, морнарицата и воздухопловните сили.
Слајф ја предводеше командата за специјални операции на воздухопловните сили пред да стане заменик-началник на Генералштабот и беше распореден на Блискиот Исток и во Авганистан.
Овие потези беа дел од кампањата предводена од секретарот за одбрана Пит Хегсет за да се ослободи војската од нејзината програма за различност, правичност и инклузија (DEI). Хегсет рече дека Одделот за владина ефикасност (DOGE) ќе преземе „широк пристап“ за да ги искорени таквите програми од Пентагон.