Високи руски функционери ќе се сретнат со нивните американски колеги во Саудиска Арабија во вторник(18 февруари)за да разговараат за потенцијалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Кремљ.
Американскиот државен секретар Марко Рубио веќе пристигна во Ријад, објави телевизијата Ал Арабија, а притисокот на Трамп за брзо мировно решение во Украина е високо на агендата, јави ДПА.
Советникот на претседателот Владимир Путин, Јуриј Ушаков, исто така, се упатува во Ријад за да учествува на разговорите. Целта е да се постават темелите за преговори за решавање на украинскиот конфликт и средба меѓу американските и руските водачи, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во Ријад американско - руски разговори за војната во Украина
Тој додаде дека покрај војната во Украина, ќе се разговара и за „руско-американските односи“.
Специјалниот пратеник на САД Стив Виткоф и советникот за национална безбедност Мајк Волц, исто така, треба да бидат на масата во Саудиска Арабија. Сепак, како што се јавува, на оваа средба нема да присуствуваат ниту украински, ниту европски претставници.