Американски претставници во ретка посета на Белорусија

Архивска фотографија, Белорусија, Кристофер В. Смит е заменик помошник секретар за Источна Европа, 7 декември 2023 година

Архивска фотографија, Белорусија, Кристофер В. Смит е заменик помошник секретар за Источна Европа, 7 декември 2023 година

Тројца високи американски функционери отпатувале во Белорусија за да преговараат за можното ослободување на голем број политички затвореници во замена за олеснување на санкциите, објави на 15 февруари, американскиот медиум Њујорк Тајмс.

Претходно, од почетокот на неделава неа ослободени тројца затвореници. Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа Кристофер Смит и уште двајца функционери се состанале во Минск со долгогодишниот авторитарен владетел Александар Лукашенко и шефот на КГБ Иван Тертел за да разговараат за условите на договорот, објави Тајмс.

Точниот тајминг на посетата и средбите засега не е јасен. Но ова е прва средба на Лукашенко со високи претставници на Стејт департментот во последните пет години. Овој извештај на Тајмс доаѓа откако Смит и државниот секретар Марко Рубио на 13 февруари изјавија дека Вашингтон обезбедил ослободување на неидентификуван американски државјанин и двајца политички затвореници од Белорусија.

„Тие ни беа предадени, а ние си ги вративме преку Литванија“, изјави тогаш Смит за Си-Ен-Ен. Друг американски функционер изјави за Си-Ен-Ен дека четвртото лице било ослободено во јануари како дел од истиот договор.

Видете и ова: Новинарот на РСЕ, Андреј Кузнечик, ослободен по повеќе од три години затвор во Белорусија


Во извештајот на „Тајмс“ се вели дека Смит им рекол на дипломатите во Вилнус дека ослободувањата би можеле да бидат почетен чекор кон голем договор меѓу Вашингтон и Минск во замена за олеснување на санкциите, од кои многу се однесуваат на поддршката на Белорусија за руската војна во Украина и за задушувањето на несогласувањето во земјата.

Некои набљудувачи рекоа дека, заедно со директната корист од обезбедувањето ослободување на затворениците, Вашингтон, исто така, се обидува да доведе до намалување на влијанието на Москва врз Минск.

„Многу сме му благодарни на претседателот [Доналд] Трамп што успеа да ги придвижи работите напред“, изјави за Тајмс, Франак Виакорка, шеф на кабинетот на прогонетиот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја.

Тој, сепак, додаде дека санкциите треба да се ублажат само кога „Лукашенко ќе престане со репресијата и нови апсења“ и „ќе ги ослободи сите политички затвореници“.

Многумина од приведените беа уапсени поради задушувањето на протестите за претседателските избори во 2020 година, на кои Лукашенко се појави со својот шести последователен мандат. Опозицијата и западните влади рекоа дека гласањето било наместено.

Лукашенко, како што се очекуваше, го освои седмиот мандат на изборите во 2025 година на 26 јануари, повторно поради поплаките од Западот и од прогонетите противници за местење и репресија на потенцијалните ривали.

Лукашенко нареди бран помилувања пред изборите, ослободувајќи десетици луѓе, вклучително и многумина затворени под обвинение за екстремизам, неговите противници и групите за човекови права велат дека се политички мотивирани.

Некои набљудувачи рекоа дека авторитарниот лидер можеби сакал да му сигнализира на Западот дека го олеснува упорното ограничување што државата го наметна од изборите во 2020 година.

Но, репресијата покажа малку знаци на намалување, со чести апсења и судења за, како што велат активистите, политички мотивирани обвиненија. Најмалку 1.253 луѓе кои групите за права ги сметаат за политички затвореници остануваат зад решетки, а се верува дека реалната бројка е поголема.

Лукашенко ја поврза Белорусија тесно со Русија и обезбеди поддршка за војната на Кремљ против Украина, вклучително и дозволувајќи им на руските сили да нападнат од белоруска територија, и тој вели дека руското нуклеарно оружје е распоредено во Белорусија, што доведе до огромна серија финансиски санкции против Минск.

Сепак, за време на неговите 30 години на власт, Лукашенко повремено се обидуваше да ја искористи позицијата на Белорусија меѓу Русија на исток и НАТО и Европската унија на запад и север.