Американскиот претседател Трамп најави средба меѓу руски, украински и американски претставници

Доналд Трамп - Претседател на САД

Доналд Трамп - Претседател на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп најави „состанок во Минхен в петок, на високи претставници од Русија, Украина и САД“. Во Минхен денеска почнува меѓународната безбедносна конференција и ќе трае до 16 февруари.

Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека „Русите таму ќе се состанат со луѓе од нашата земја. Поканета е и Украина. Не знам точно кој ќе ја претставува секоја земја, но тоа ќе бидат високи претставници од Русија, Украина и САД".

Киев објави дека не размислува за учество на состанокот во Минхен со руски претставници што го најави Трамп.

„Договорен заеднички став (со сојузниците на Киев) мора да биде на маса за разговори со Русите... Засега нема ништо на маса. Разговори со Русите не се планирани“, изјави Дмитро Литвин, советник на претседателот Володимир Зеленски.

Видете и ова: За што ќе се разговара на Минхенската безбедносна конференција?

Од петок до недела во Минхен се одржува безбедносна конференција, на која се очекува да присуствуваат украинскиот потпретседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, државниот секретар Рубио, секретарот за одбрана на САД Пит Хегсет и специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија Кит Келог, како и високи европски претставници.

Во меѓувреме Рубио телефонски разговарал со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих за „потребата од храбра дипломатија“ за ставање крај на руско-украинската војна, соопшти Стејт департментот.

Зеленски рече дека Украина нема да прифати никакви договори без учество на Киев, наведувајќи и дека Украина не може „да дозволи се да оди според планот на Путин“.

Разговорот на Трамп со Путин се смета за дел од намерата на Белата куќа брзо да се стави крај на речиси тригодишната војна.