Украинската влада одобри нов систем на едногодишен договор за воени доброволци на возраст од 18 до 24 години, со потенцијален годишен приход до два милиона украински гривни (околу 50000 евра), соопшти кабинетот на украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.
Од кабинетот на Умеров соопштија дека оваа иницијатива има за цел да привлече граѓани кои ќе можат да ја изберат својата позиција и воена единица, да поминат интензивна обука и да добијат конкурентни финансиски и социјални придобивки.
Градиме нов систем за регрутирање на армијата кој одговара на современите предизвици“, се вели во соопштението од кабинетот на министерот Умеров.
Видете и ова: Украински дронови оштетиле индустриски објект во рускиот регион регионот СаратовДоброволците ќе добијат еднократна исплата од 1 милион гривни (25000 евра), која се состои од 200000 гривни (5000 евра) по потпишувањето на договорот, 300000 (околу 7500 евра) по завршувањето на обуката и 500000 (околу 12000 евра) по отпуштањето од воената единица.
Покрај тоа, ќе добиваат и месечна плата од 120000 гривни (околу 2800 евра) и дополнителни бонуси за борбени мисии.