Орбан: Неприфатливо е Украина да го запре протокот на руски гас кон централна Европа

Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е неприфатливо што Украина го запрела протокот на руски гас во централна Европа, бидејќи ги зголемила трошоците за алтернативните рути за снабдување.

За унгарското државно радио Орбан изјави дека поради зголемените цени на гасот, Унгарија побарала гаранции од ЕУ во однос на нејзината енергетска безбедност.

Унгарскиот премиер рече дека економските податоци се подобруваат во светлината на изборната победа на американскиот претседател Доналд Трамп и „ерата на мирот“ што ќе следи по војната во Украина, за која рече дека е во завршна фаза.

Видете и ова: Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија, за да ги намали цените на енергијата

Орбан нагласи дека победата на Трамп ќе ја зајакне унгарската економија годинава.

Рускиот гас не тече низ Украина до земјите на Европската Унија од 1-ви јануари, откако истече петгодишниот договор за снабдување.