Украина е подготвена за договор, рече американскиот претседател Доналд Трамп на 23 јануари за време на видео конференција во Давос, одговарајќи на прашање дека ќе има мировен договор за ставање крај на руско-украинската војна до неговиот говор во Давос следната година.
„Треба да ја прашате Русија. Украина е подготвена да склучи договор“, рече американскиот претседател, кој им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос преку видео-конференција.
Тој рече дека се надева оти Кина може да им помогне на САД да ја прекинат војната меѓу Русија и Украина. „Тие имаат големо влијание врз таа ситуација“, рече тој.
Трамп додаде дека сака да работи со Кина за денуклеаризација и нагласи дека другите светски лидери, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин, ќе ја поддржат идејата.
Видете и ова: Руте: Руската победа во Украина би имала големи последици за НАТОНа прашањето за односите меѓу САД и Кина, тој рече дека САД сакаат само „рамноправни терени за игра“, додавајќи дека не сака Кина да ги искористи предностите на САД.
На прашањето дали САД под негово водство ќе гарантираат снабдување со гас во Европа, Трамп одговори: „Да“.
„Дефинитивно ќе направиме енергетски договор со Европа и ќе го завршиме тоа“, рече тој, нагласувајќи ја важноста на американските испораки на ЛНГ (течен природен гас) за Европската унија.
Соединетите Американски Држави се веќе главниот снабдувач на ЛНГ за 27-те членки на ЕУ, а нивната улога се очекува да расте уште повеќе.
Трамп најави дека ќе ја намали корпоративната даночна стапка на 15% за компаниите што ги произведуваат нивните производи во САД и дека тоа „ќе создаде огромен интерес“.
Тој го одговори ова на прашањето на извршниот директор на Банката на Америка, Брајан Мојнихан за тоа како серијата одлуки на Трамп за имиграцијата и трговијата ќе влијаат на амбицијата на претседателот да го поттикне растот на БДП и да ја намали инфлацијата.
Одговарајќи на прашање од основачот на Блекстоун груп (Blackstone Group), Трамп ги детализира своите поплаки за Европската унија, наведувајќи дека царините и даноците во европските земји се превисоки, регулативите се рестриктивни, трговскиот дефицит со САД е преголем и дека тужбите против Американските компании како Гугл се неправедни.
„Планираме да направиме нешто околу тоа“, рече тој.
„Се обидувам да бидам конструктивен бидејќи ја сакам Европа. Ги сакам европските земји, но процесот е многу комплициран и тие се однесуваат кон САД многу, многу неправедно“, рече тој.
Видете и ова: Трамп: Обнова на Америка и револуција на здравиот разумВо говорот во Давос, Доналд Трамп им порача на сите странски компании дека доколку не ги произведуваат своите производи во САД, ќе се соочат со огромни царини, додека оние што го пренесуваат производството ќе добијат „големи“ даночни олеснувања. Тој вети и најголемо намалување на даноците во историјата на САД.
„САД ќе бидат светска престолнина на вештачката интелигенција и криптовалутите... Дојдете и правете ги вашите производи во Америка, но ако не, тоа е ваша одлука. Но, многу едноставно, ќе плаќате тарифи во различни износи, што ќе ги пренасочи стотици милијарди, дури и трилиони долари во нашата каса“, рече Трамп додека им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос.
Тој ја спомена инвестицијата од 500 милијарди долари во развој на вештачка интелигенција во САД и додаде дека Саудиска Арабија најавила инвестиции во неговата земја.
Тој, исто така, изјави дека работи на ограничување на инфлацијата и илегалната имиграција, а во исто време го охрабрува производството на фосилни горива во САД.
„Она што светот го виде во последните 72 часа не е ништо помалку од револуција на здравиот разум“, рече Трамп.
Американскиот претседател рече и дека ќе побара од сојузниците од НАТО да придонесат повеќе финансиски за Алијансата.