Германските опозициски пратеници во четвртокот го обвинија канцеларот Олаф Шолц за валкана предизборна тактика поради неговото барање за дополнително задолжување со цел финансирање на пакет помош за Украина во вредност од 3 милијарди евра.
Коментарите на опозоцијата уследија откако германскиот канцелар Шолц на15 јануари изјави дека пакетот може да се финансира само со суспендирање на должничката кочница, и дека пакетот е прашање на политичка волја и поставување приоритети.
Видете и ова: Германската морнарица ќе се приклучи на дополнителната мисија на НАТО во Балтичко МореСпоред опозициската Слободна Демократска партија поддршката за Украина не бара намалување на должничката кочница, посочувајќи на уставните ограничувања за задолжувањето на државата.
Според нив 500 милиони евра веќе се издвоени од Министерството за одбрана, што значи дека се потребни само дополнителни 2,5 милијарди евра, во буџет од вкупно 488 милијарди евра.
За опозицијата, Шолц „врши маневри за изборната кампања на грбот на Украинците“.