Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг Ун, доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија.
„Покрај првите заробени војници од Северна Кореја, сигурно ќе ги има повеќе. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат и други“, напиша Зеленски на платформата X.
Зеленски во саботата (11 јануари) соопшти дека Украина заробила двајца севернокорејски војници во рускиот регион Курск.
Видете и ова: Јужна Кореја потврди дека Украина заробила двајца севернокорејски војници во КурскСпоред украинските и западните проценки, околу 11 000 војници од Северна Кореја се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантираше нивното присуство.
Зеленски наведува дека руските и севернокорејските сили претрпеле големи загуби.
„Украина е подготвена да му ги предаде војниците на Ким Џонг Ун доколку тој може да организира нивна размена со нашите воини заробени во Русија“, напиша Зеленски.
Зеленски рече дека може да има други опции за севернокорејските војници кои не сакаат да се вратат дома „и дека на оние кои изразуваат желба да го доближат мирот со ширење на вистината за оваа војна на корејски јазик ќе им биде дадена таа опција“.