Со 61 глас „за“ и 22 „против“ пратениците во Собранието изгласаа интерпелација за пратеничката, Илире Даути. Интерпелацијата за неа се однесува на функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, а ја поднесе партијата Левица.
Пратениците од Левица бараа нејзино разрешување од Комисијата бидејќи одбива да го стави на дневен ред Законот за бранители.
Поддршка за интерпелацијата дадоа пратениците од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Вреди (Влен) гласаше против, а СДСМ не присуствуваше на седницата.
Покрај за Даути, на дневен ред на денешната собраниска седница сè уште четири интерпелации кои ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ, а се однесуваат на работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени.
Видете и ова: Интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути на дневен ред во СобраниетоИнтерпелацијата за Даути како прва од дневниот ред, ја образложи пратеникот Сашко Јанчев од Левица кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.
Во текот на расправата беа изнесени различни ставови и обвинувања, а одговор на поднесената интерпелација даде и Илире Даути.
„Од каде и да гледате, ќе видите дека претседателката на Комисијата има право зашто ја сака вистината во целост. Таа е убедена дека ако се тргнат фрагменти од историјата, вистината останува половична, а со таква вистина не може да се гради иднина за граѓаните. Но прифаќам, и пратеничката има свои слабости. Таа е Албанка и треба да се соочи со разликите кои постојат не само во оваа институција … Таа е убедена дека за овие прашања се тргнува од човечноста и дека прво треба да бидеме луѓе, рече Даути.
Според неа, целта на оваа интерпелација била „да се демонстрација на сила и диктат кон работата на пратениците што размислуваат различно“.
Видете и ова: СДСМ нема да ги поддржи интерпелациите против неколкумина министриГласањето на интерпелацијата за неа, како што протолкувано во јавноста, значи дека пратениците ќе треба да предложат нов претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, која според распределбата во парламентот му припаѓа на опозицискиот Европски фронт, кој би требало да предложи нов претседател на ова собраниско тело.
Меѓутоа, пратеникот Халил Снопче од собраниската говорница рече дека тоа што поминала интерпелацијата не значи дека Даути нема да продолжи да биде дел од Комисијата.
За ова со соопштение се огласија и од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, нагласувајќи дека гласањето за интерпелацијата на Даути нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата, велат од Кабинетот, се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот.
Ова е прва пленарна седница на Собранието во 2025 година.
За интерпелациите на Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени се одлучуваше дополнително и за секоја се дискутираше и гласаше поединечно. Како што се очекуваше, сите четири беа отфрлени од Собранието.
Седницата заврши десетина минути по 23 часот. Според собранискиот Деловник, гласањето мораше да се случи најдоцна до полноќ.
Видете и ова: Не поминаа интерпелациите за владините функционериЗаконот за бранители, кој беше причина за интерпелацијата на Даути, го поднесе пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска од СДСМ. Законскиот предлог ја доби поддршката во Собранието да оди по скратена постапка. Откако Даути како претседателка на Комисијата за социјална политика, млади и демографија не го стави законот на дневен ред, претседателот на Собранието Африм Гаши во неговото образложение посочи дека нема ингеренции да назначи друг член за да се одржи седницата затоа што Даути ја свикала седница согласно роковите.