По 12 неуспешни обиди, Либан близу до избор на претседател

Генерал Џозеф Аун, врховен командант на либанската армија

Либанскиот парламент се очекува денеска (9 јануари) да го избере генералот Џозеф Аун за нов претседател на државата, по повеќе од две години политички застој.

Аун (60), кој е врховен командант на либанската армија, е фаворит за функцијата.

Неговото именување би помогнало во надгледувањето на примирјето на југот на Либан, каде конфликтите со Израел оставија голема штета.

Видете и ова: Либан ги повика Франција и САД да го забрзаат повлекувањето на израелските сили

Либан нема претседател од октомври 2022 година, кога истече мандатот на Мишел Аун.

Дванаесет претходни обиди за избор на претседател пропаднаа поради политичките поделби.

Меѓународниот притисок за избор на претседател се зголемува, а дипломатите од САД, Франција и Саудиска Арабија бараат итно решавање на кризата.