Најсмртоносната авионска несреќа во Јужна Кореја
Најмалку 167 луѓе загинаа кога авион на Џеџи Ер слета на трупот и се лизна од пистата пред да се запали кога удри во ѕид на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, соопшти националната противпожарна агенција.
Авионот на Jeju Air 7C2216 доаѓаше од Бангкок, главниот град на Тајланд со 175 патници и шест членови на екипажот.
Тој се обидувал да слета нешто по 9 часот на аеродромот на југот на земјата, соопшти Министерството за транспорт на Јужна Кореја.
Две лица, членови на екипажот се спасени, а останатите се претпоставува дека загинале.
На меѓународниот аеродром Муан се собираат роднините на патниците кои биле во авионот.
Остатоците од уништениот авион заглавени на оградата на меѓународниот аеродром Муан. Се претпоставува дека несреќата е предизвикана од удар на птица во комбинација со неповолни временски услови.
Ова е најсмртоносната авионска несреќа досега на јужнокорејска територија и најлошата во која учествувала јужнокорејска авиокомпанија во речиси три децении, објавија властите во Сеул.
Несреќата се случи само три недели откако на 8 декември започнаа планираните летови од Муан до Бангкок и други азиски градови.
Според Министерството за транспорт, несреќата е најлошата за која било јужнокорејска авиокомпанија од несреќата на Корејската авиокомпанија во Гуам во 1997 година, во која загинаа повеќе од 200 луѓе.
Најлошата несреќа на јужнокорејска територија беше несреќата на Ер Чима во која загинаа 129 луѓе.
Извршниот директор на Jeju Air, Ким Е-бае и официјалните лица се поклонуваат во знак на извинување за падот на нивниот авион на меѓународниот аеродром Муан за време на прес-конференцијата во Сеул, Јужна Кореја, на 29 декември 2024 година.