Криумчарени луксузни автомобили од странство е причината за полициски претреси во Скопје и неколку други градови, кусо соопштија од Основното јавно обвинителство.
„Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин“, се вели во нивното соопштение.
Видете и ова: Коцевски: „Кртот“ кој помага на осомничени да бегаат не е во обвинителствотоПолицијата врши претреси во Скопје, Битола, Неготино, Дојран, Гевгелија, во потрага по криминална група која шверцувала скапи возила од ЕУ.
За натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сториле инволвираните лица, обвинителството ќе информира по нивното завршување, велат од Јавното обвинителство. Други детали засега нема.