Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили им се придружи на илјадниците прозападни демонстранти на улиците на Тбилиси во знак на протест против потезите на владата предводена од „Грузискиот сон“ да ја одложи поблиската интеграција со Европската унија и нејзиното наклонетост кон Русија.
Протестот на 28 декември се одвива на само еден ден пред очекуваниот „екпслозивен политички ден“, откако претседателката Зурабишвили најави дека нема да се повлече на крајот на нејзиниот мандат на 29 декември.
Таа на 23 декември ја повика владејачката партија Грузиски сон, која важи за блиска до Русија да одреди датум за нови парламентарни избори до 29 декември поради немирите кои беа предизвикани од последните избори и едностраната одлука на партијата да ги одложи преговорите со Европската Унија.
Зурабишвили е во судир со партијата откако победи на парламентарните избори во октомври, за кои имаше обвинувања за изборна измама. Опозицијата одби да го признае гласањето, обвинувајќи го Грузиски сон за фалсификување на гласањето за да се држи до власта.
Зурабишвили и демонстрантите, веејќи грузиски и знамиња на Европската Унија, маршираа во главниот град, а на демонстрантите им се придружија пратениците од сојузничките земји, вклучително Полска и Литванија, за да формираат „синџир на единство“.
Видете и ова: Хјуман рајтс воч повикува на одговорност за „бруталното“ насилство врз грузиските демонстрантиСо денешниот собир беше одбележан еден месец од почетокот на неодамнешниот бран антивладини протести, кои беа проследени со насилни полициски акции, повредени и масовни апсења од страна на грузиските власти. Демонстрантите ја обвинуваат владата на партијата Грузиски сон дека ја оддалечува земјата од ЕУ и се приближува до Москва.
Политичката криза избувна откако Грузискиот сон ја објави победата на парламентарните избори во октомври, за кои Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) рече дека биле нарушени со случаи на купување гласови, двојно гласање, физичко насилство и заплашување.
Митинзите се интензивираа по одлуката на владата минатиот месец да ги одложи преговорите за пристапување на Грузија во ЕУ.
На 24 декември, Хјуман рајтс воч повика Грузиските безбедносни сили да бидат под истрага за „бруталното полициско насилство“ врз главно мирните демонстранти кои излегоа на улиците на демонстрациите.
На 27 декември, Соединетите Држави соопштија дека воведоа нови санкции за грузискиот милијардер и пријател на Русија, Бидзина Иванишвили, кој беше поранешен премиер и основач на партијата Грузиски сон, поради поткопување на демократијата во Грузија во „придобивка на Руската Федерација“.
„Под водство на Иванишвили, Грузискиот сон ги унапреди интересите на Кремљ со попречување на евроатлантската траекторија на Грузија - во директна спротивност со она што беше предвидено од грузискиот народ и грузискиот устав“, изјави државниот секретар Антони Блинкен.