Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби „Српска листа“ дека е под команда на Белград, додека властите ја разгледуваат нејзината жалба против забраната за учество на претстојните парламентарни избори.
„Српската листа, за жал, го претставува широкиот опсег и високиот степен на мешање на Србија во внатрешните работи на Косово“, изјави синоќа Курти на новинарите.
Централната изборна комисија на Косово во понеделникот (23 декември) и забрани на Српска листа да учествува на изборите на 9 февруари, наведувајќи го „националистичкиот став на партијата и блиските врски со Србија“.
Партијата вчера поднесе претставка до надлежните органи во Приштина.
Видете и ова: Српската листа ќе се жали на одлуката ка косовската изборна комисија да не учествува на изборитеЧлен на Државната изборна комисија рече дека не може да одобри „структура која отворено не ја признава државата Косово“.
Доколку повторно биде одбиено учеството на изборите, „Српска листа“ ќе има право на жалба по втор пат до Врховниот суд. Одлуките на Врховниот суд се конечни.
Курти додаде дека Србија му дава азил на поранешниот потпретседател на партијата Милан Радојчиќ, а Приштина бара негова екстрадиција, откако тој ја презеде одговорноста за вооружениот напад врз косовската полиција во близина на манастирот во Бањска, северно Косово, во септември 2023 година.