Русија со нов голем ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина

илустрација

Русија изврши голем ракетен напад врз Украина во раните утрински часови на 25 декември, насочени кон енергетски објекти и друга цивилна инфраструктура, соопштија украинските власти.

Најмалку три лица се ранети во североисточниот регион Харков, кој беше нападнат со руски балистички проектили, соопштија украинските власти.

Регионалниот гувернер Олех Сињехубов, исто така, пријави „оштетување на цивилната нестанбена инфраструктура“ во Харков.

Русија изврши голем ракетен напад врз Украина во раните утрински часови на 25 декември, насочени кон енергетски објекти и друга цивилна инфраструктура, соопштија украинските власти.

Најмалку три лица се ранети во североисточниот регион Харков, кој беше нападнат со руски балистички проектили, соопштија украинските власти.

Главниот град на регионот Харков беше „под масовен ракетен напад“, рече градоначалникот Ихор Терехов на платформата Телеграм.

„Во градот се слушнаа серија експлозии, а балистички ракети сè уште летаат кон градот“, напиша Терехов рано на 25 декември.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот како „нехуман“ и ја обвини Москва дека сака да предизвика целосно „затемнување“ во Украина.

„Денес Путин намерно го избра Божиќ за напад. Што може да биде понехумано? Повеќе од 70 проектили, вклучувајќи балистички ракети и повеќе од сто офанзивни беспилотни летала. Целта е нашиот енергетски систем“, рече Зеленски.

И британскиот премиер Кир Стармер го осуди, како што наведе, „нападот врз енергетската инфраструктура на Украина“.

„Им оддавам почит на издржливоста на украинскиот народ и лидерството на претседателот Зеленски наспроти континуираните напади со беспилотни летала и ракетни напади од крвавата и брутална воена машина на Путин без одмор, дури и на Божиќ“, рече Стармер во изјавата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

„Толку многу смрт“: Украинска пилотка на дронови споделува искуства од фронтот

Украинскиот министер за енергија Херман Халушченко изјави дека Русија „повторно масовно го напаѓа енергетскиот сектор“ на 25 декември, но не прецизираше кои градови се погодени.

„Операторот на преносниот систем презема неопходни мерки за ограничување на потрошувачката за да се минимизираат негативните последици за енергетскиот систем“, напиша Халушченко на Телеграм.

Гувернерот на Днепропетровск, Серхиј Лисак, извести дека покраината е под „голем напад од утрото“ и дека руските сили „се обидуваат да го уништат енергетскиот систем на регионот“.

Сирените за воздушен напад се огласија низ Украина во раните утрински часови, додека воздушните сили на земјата известија дека руските крстосувачки ракети Калибр биле лансирани од Црното Море.

Од почетокот на војната во февруари 2022 година, Русија постојано го напаѓа енергетскиот сектор на Украина, сериозно оштетувајќи ја електричната мрежа на земјата и предизвикувајќи чести прекини.

Во сличен напад на 13 декември беа употребени повеќе од 90 проектили и повеќе од 200 беспилотни летала, но беа соборени 81 проектил, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.