Претседателот на Романија, Клаус Јоханис денеска (23 декември) му го даде мандатот за формирање на влада на актуелниот премиер Марсел Чолаку.
Социјалдемократска партија на Чолаку во анкетите на парламентарните избори на 1 декември беше на прво место.
За мандатарот и новата влада треба да се дебатира во Парламентот.
Според договорот, СДП ќе раководи со осум министерства, вклучувајќи ги правосудство, транспорт, труд и одбрана. Повеќето од сегашните министри на партијата ќе ги задржат своите позиции.
Центристичката Национално-либерална партија (НЛП) ќе има шест министерства, меѓу кои енергетика, внатрешни и надворешни работи, додека Демократската унија на Унгарците во Романија (ДУУР) ќе предводи две министерства, од кои едното за финансии.
Трите партии, заедно со претставници на етничките малцинства, формираат минимално мнозинство во парламентот.
На изборите одржани на 1 декември, СДП освои најмногу места, но три ултранационалистички и крајно десничарски партии, некои со проруски симпатии, добија околу една третина од мандатите.
Видете и ова: Декласифицирани документи покажуваат „руско мешање“ во изборите во РоманијаНовиот кабинет ќе мора да одобри календар за нови претседателски избори, откако првиот круг од гласањето на 24 ноември беше поништен од Уставниот суд поради сомнежи за надворешна вмешаност и манипулации.
Во вториот круг требаше да се соочат независниот десничарски кандидат Калин Георгеску и Елена Ласкони од центристичкиот Сојуз за спас на Романија (ССР).
Видете и ова: Како Тик-Ток му помогна на романскиот десничар да стигне до вториот круг од изборите?Владата исто така ќе се соочи со сериозен економски предизвик: намалување на буџетскиот дефицит, кој е највисок во ЕУ, од 8,6 отсто од БДП оваа година на околу 7 отсто до 2025 година. Според аналитичари, тоа ќе бара зголемување на даноците