Властите на Саудиска Арабија го осудуваат нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург што се случи на 20 декември, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи.
Најмалку две лица загинаа во нападот, од кои едно дете, додека повеќе од 60 лица се повредени. Од нив, 15 претрпеле многу сериозни повреди, рекоа официјални лица.
Полицијата го уапси осомничениот за нападот, кој со изнајмен автомобил со полна брзина влетал во толпа луѓе.
Германски функционер го опиша осомничениот како лекар од Саудиска Арабија кој дејствувал сам. Осомничениот наводно има 50 години и со години живее во Германија.
Видете и ова: Најмалку две лица загинаа, а 68 се повредени откако автомобил влета на германски божиќен пазарТамара Зиешанг, министерка за внатрешни работи, рече дека човекот бил во Германија од 2006 година и бил постојан жител.
Во соопштението на властите од Саудиска Арабија не се споменува осомничениот, кој не бил ни регистриран како радикален исламист во германските записи.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој изрази загриженост за инцидентот, денеска (21 декември) ќе го посети Магдебург.