Прогласена тревога во Одеса и регионот

Одеса, Украина

Во украинскиот град Одеса и регионот повторно е прогласена тревога поради извидувачки дрон во близина на градот, објави градоначалникот Генадиј Труханов на Телеграм.

„Постои голема закана од ракетен напад“, се вели во неговата порака.

Извидувачкиот дрон моментално се наоѓа меѓу двата украински града на Црното Море - Одеса и Черноморск, објавија локалните канали на Телеграм.

Локалните власти ги повикуваат сите граѓани да се засолнат во засолништата за бомби додека не прекине алармот.

Видете и ова: Во ракетен напад врз Киев повредени најмалку двајца

Рано утрината на 20 декември Киев беше под напад на руски ракети. Како што соопштија локалните власти, во нападот загинале најмалку двајца, а биле оштетени и неколку згради, меѓу кои и зградата во која е сместена македонската амбасада во Киев.

Македонското МНР најостро ги осуди денешните руски ракетни напад врз Киев.

Видете и ова: МНР ги осуди ракетните напади врз Киев во кои е оштетена и зградата на македонската амбасада