Низата интензивни израелски воздушни напади ги погодија и главниот град на Јемен, Сана и пристанишниот град Ходаја, убивајќи најмалку девет лица, објавија медиумите кои се под контрола на Хутите.
Ал Масира ТВ, главната телевизиска куќа со која управува јеменското движење Хути што го контролира поголемиот дел од земјата, информираше дека седуммина се убиени во израелскиот напад на пристаништето Салиф, а две лица загинале во нападот на нафтената фабрика Рас Иса.
Нападите исто така, имале за цел и две централни електрани јужно и северно од главниот град Сана.
Во соопштението, израелската војска наведе дека „извела прецизни удари на воените цели на Хутите во Јемен, вклучувајќи ги пристаништата и енергетската инфраструктура во Сана".
Видете и ова: Русија и јеменските Хути обединети против Западот„Ги предупредувам водачите на терористичката организација Хути: долгата рака на Израел ќе дојде и до вас“, наведе израелскиот министер за одбрана, Кац во објава на социјалната мрежа Икс.
Претходно денеска (19 декември), израелската војска соопшти дека пресретнала проектил лансиран од Јемен.
Хутите кои го поддржуваат Иран, а САД ги смета за терористичка организација, отпочнаа со напади на меѓународни бродови во близина на Јемен од минатиот ноември, во знак на солидарност со Палестинците во израелската војна со Хамас. И Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.
Видете и ова: Израелската армија тврди дека го нападнала командниот центар на Хамас во ГазаИзраелската војска уби над 45000 Палестинци, расели околу 2,3 милиони жители и ја опустоши крајбрежната енклава, оставајќи ги жителите во недостиг на храна, вода, лекови и уништени болници.
Поради војната, Израел се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.