Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник (16 декември) го обвини Западот дека ја турка Русија до нејзините „црвени линии“, ситуации за кои јавно кажа дека нема да ги толерира и како што рече, Москва ќе биде принудена да одговори.
Путин на состанокот со претставници на одбраната изјави дека Русија со загриженост го следи развојот на настаните во Соединетите Држави и потенцијалното распоредување на ракети со краток и среден дострел во Украина.
Видете и ова: Русија зазеде села во клучни области на фронтот во источна УкраинаТој рече дека Русија ќе ги укине своите доброволни ограничувања за распоредување на сопствени ракети доколку САД отиде понапред и распореди такви проектили.
Рускиот претседател вели дека руските сили во Украина презеле контрола врз 189 населени места досега оваа година и додаде дека руското нуклеарно оружје е таму за одвраќање на нападите.
Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија, додека Москва и натаму е подготвена да ги продолжи преговорите врз основа на договорот од Истанбул од 2022 година.
Тој потсети на предлогот на Унгарија за размена на затвореници и Божиќното примирје во Украина, што беше поддржано од Москва, но не и од Киев. Посочи дека рускиот претседател Путин разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан и дека Путин ги поддржувал мировните напори на Унгарија, додека украинската страна одбила.