Руските војници, кои се уште се во Сирија, немаат храна и вода додека се евакуираат, соопшти разузнавачкиот оддел на украинското Министерство за одбрана.
Рускиот персонал има проблеми во воените бази во Тартус и Хмеимим и на бродовите закотвени на брегот во Средоземното Море, објави Администрацијата на Телеграм на 15 декември.
Тој истакна и дека преостанатите руски војници чекаат воени транспортни авиони, вклучени во евакуацијата, кои треба да достават храна, пишува украинскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Се наведува и дека Русија продолжува да го повлекува својот контингент од оддалечена област во Сирија.
„Истовремено, на некои рути, на Русите им се придружува вооружена група која се спротивставува на режимот на Башар ал Асад“, наведува Администрацијата.
Видете и ова: САД стапија во директен контакт со движењето ХТС кое ја презеде власта во СиријаВо соопштението за печатот се додава дека меѓу руските војници има гласини дека Москва се согласила да го задржи своето присуство во втората база, каде има до 3000 војници.
Радио Слободна Европа (РСЕ) не можеше да добие потврда за оваа информација од други извори, а немаше коментар и од руските власти.
Руското Министерство за надворешни работи на Телеграм објави дека на 15 декември евакуирало дел од дипломатскиот персонал од Сирија.
Тоа тврди дека биле евакуирани со специјален лет на руските воздухопловни сили од воздухопловната база Хмејмим.
Руски транспортни авиони ја напуштаат таа воздухопловна база во последните денови, како дел од евакуацијата по падот на сирискиот лидер Башар ал Асад.
Долгогодишниот владетел беше соборен минатата недела во молскавична офанзива предводена од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ).
Сирискиот лидер побегна во Русија, која беше главната поддршка на неговиот режим.
Во Дамаск, ХТШ назначи привремена влада, а нејзиниот водач Ријад ал-Асад, на 15 декември изјави за АФП дека е уверен дека фракциите што помогнаа да се собори Ал Асад ќе се обединат како една сила. ХТШ и преодната влада инсистираа на заштита на правата на сите Сиријци.