Црна Гора затвора три поглавја од преговорите со ЕУ, велат во Брисел

Илустрација: Подгорица, главниот град на Црна Гора

Црна Гора следната недела ќе затвори три поглавја, одлучија амбасадорите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), соопшти денеска (13 декември) унгарското претседателство.

Меѓувладината конференција ќе се одржи на 16 декември во Брисел, беше потврдено на крајот од средбата на амбасадорите.

Црна Гора се надеваше дека ќе затвори четири поглавја, но Хрватска го блокираше затворањето на Поглавјето 31, кое се однесува на надворешната, безбедносната и одбранбената политика.

РСЕ претходно објави, повикувајќи се на повеќе извори во Брисел, дека на претстојната меѓувладина конференција Црна Гора најверојатно ќе затвори три поглавја од пристапните преговори.

Извори претходно рекоа дека Хрватска навестила дека нема да дозволи затворање на поглавјето 31.

Попладнево се одржа состанок на амбасадорите на членките на ЕУ, на кој учесниците требаше да го договорат текстот на конечните заклучоци за проширувањето и да одлучат за бројот на поглавја што ќе ги затвори Црна Гора, како и за кластерот што Албанија ќе го отворена следната недела.

За отворање и затворање на секое поглавје неопходна е согласност од сите членки на Европската унија.

Црна Гора привремено ќе го затвори поглавјето седум (права на интелектуална сопственост), поглавје 10 (информатичко општество и медиуми) и поглавје 20 (деловни и индустриски политики).

Во процесот на пристапните преговори, официјална Подгорица ги отвори сите поглавја и привремено затвори три. Последен пат затвори поглавја во 2017 година.

Со затворање на трите најавени, Црна Гора практично во еден ден затвора онолку поглавја колку што има вкупно затворени до сега.

Видете и ова: ЕУ ќе ја почне подготовката на пристапниот договор со Црна Гора ако земјата го задржи темпото на реформи

По позитивниот ИБАР (Извештаj за исполнување на привремените одредници), Црна Гора во јуни годинава излезе од повеќегодишниот застој и го деблокираше пристапниот процес, но потоа се влошија односите со соседна Хрватска, која е членка на Европската унија.

Освен отворените прашања со Загреб од претходно, ситуацијата се смири откако Собранието на Црна Гора на крајот на јуни ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац. Загреб ова го оцени како провокација и прогласи тројца високи црногорски функционери за непожелни лица во Хрватска.