Втор предлог за импичмент против јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол поради прогласување воена состојба на 3 декември беше поднесен денеска до Парламентот, јавија јужнокорејските медиуми.
Главната опозициска Демократска партија планира да го стави предлогот на гласање на претстојната пленарна седница в сабота (14 декември).
Видете и ова: Претрес во канцеларијата на претседателот на Јужна КорејаПрвото барање за импичмент на Јун беше одбиено минатата сабота бидејќи мнозинството пратеници на владејачката партија го бојкотираа гласањето.
Неодамна Јужнокорејското обвинителство отвори истрага против претседателот на државата, како и против министрите за внатрешни работи и за одбрана, за обид за воведување воена состојба во земјата.
Истрагата против претседателот е покрената врз основа на жалба за предавство и други слични обвиненија поднесени од помалата опозициска партија Обнова, додека друга беше поднесена од група од 59 активисти,за поранешниот министер за одбрана Ким Јонг-хјун, началникот на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, генералот Парк Ан Су и министерот за внатрешни работи Ли Санг Мин, за нивната улога во прогласувањето и, подоцна, укинувањето на воената состојба во таа држава.