Одржувањето безбеден и стабилен регион на Западен Балкан е приоритет за НАТО и за САД, соопшти мисијата на САД во Алијансата.
„Оваа недела, бевме домаќини на шест експерти од Западен Балкан - од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Црна Гора - во седиштето на НАТО, истакнувајќи го нашиот политички дијалог и практична соработка со Западен Балкан“, се нагласува во објава на Мисијата на САД во НАТО на платформата X.
Видете и ова: Американската амбасадорка во НАТО ги повика земјите од Западен Балкан да трошат повеќе за одбранатаКако што е наведено, за време на посетата бил истакнато ангажирањето на млади, регионалниот мир и безбедност како и спротивставувањето на малигните влијанија, вклучително и дезинформациите, хибридните и кибер закани.