Силни експлозии се слушнаа рано на 10 декември во Дамаск поради извештаите дека Израел систематски ги напаѓа сириските воени објекти по соборувањето на бруталниот режим на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Невладината организација со седиште во Велика Британија, „ Сириската опсерваторија за заштита на човекови права“, на 10 декември соопшти дека Израел „ги уништил најважните воени локации во Сирија“, додека израелските трупи биле распоредени во тампон зона по падот на Асад, поради како што вели, израелската влада го посочи како „безбедносни причини“.
Опсерваторијата соопшти дека Израел извршил „околу 250 воздушни напади на сириска територија“ во изминатите два дена за да ги уништи воените капацитети на Сирија.
„Израел ги уништи најважните воени локации во Сирија, вклучувајќи ги сириските аеродроми и нивните магацини, авионски ескадрили, радари, воени сигнални станици и многу складишта за оружје и муниција на различни локации во повеќето сириски провинции“, се вели во соопштението.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ова соопштение дојде откако премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „го трансформира лицето на Блискиот Исток“ и ги победува своите непријатели „чекор по чекор“ во, како што рече, „егзистенцијална војна наметната врз нас“.
Нетанјаху соопшти дека режимот на Асад е „централен елемент на иранската оска на злото“, обвинувајќи го за олеснување на „спроводливоста на мрежата за оружје“ меѓу Иран и либанската вооружена група Хезболах, која САД ја прогласија за терористичка организација. Израел започна повеќемесечна воздушна кампања во Либан против Хезболах.
Вашингтон, исто така, изведе околу 75 воздушни напади против милитантите на Исламската држава (ИД), кои сè уште се присутни во Сирија, во последните денови, за да ја спречи групата да ги искористи превирањата што следеа по падот на Асад.
Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин лично му дал политички азил на сирискиот претседател Башар ал Асад во Русија, откако бруталниот долгогодишен режим падна во рацете на бунтовниците предводени од исламистите изминатиот викенд.