Романскиот суд ги поништи претседателските избори поради обвинувањата за руско мешање

Околу 3000 луѓе маршираа во Букурешт вечерта на 5 декември барајќи Романија да го задржи проевропскиот пат.

Уставниот суд на Романија одлучи да ги поништи претседателските избори, чиј втор круг требаше да се одржи викендов, и да се одржи нов.

Судот донесе одлука на 6 декември, велејќи дека владата сега мора да одлучи кога ќе одржи нови избори.

Победата во првиот круг на кандидатот од крајната десница Калин Георгеску кој е наклонет кон Русија предизвика шок низ Западот, поради доказите за масовна сајбер кампања на ТикТок
оркестрирана од Москва во негова корист, а која во голема мера помина под радарот на романските власти.

Георгеску требаше да се соочи со проевропската центристичка кандидатка Елена Ласкони во вториот круг, закажан за 8 декември.

Видете и ова: Пред вториот круг претседателски избори Романците маршираа за задржување на проевропскиот пат

Во странство веќе почна гласањето на вториот круг од романските претседателски избори, кои се сметаат за референдум за идниот курс на оваа членка на НАТО и Европската унија (ЕУ).

Сето тоа се случува среде обвинувањата за руско мешање во изборите, поради што илјадници Романци излегоа на улиците во поддршка на останувањето на земјата во евроатлантската заедница.

Околу 3000 луѓе маршираа во Букурешт вечерта на 5 декември барајќи Романија да го задржи проевропскиот пат пред вториот круг што ќе одлучи дали екстремно десничарскиот проруски кандидат ќе стане следниот претседател на земјата.