Мексико сака да постигне договор со администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за да не мора да прифаќа депортирани кои потекнуваат од трети земји во случај на масовни депортации на нерегуларни мигранти од САД, изјави денеска (5 декември) мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.
Трамп вети дека ќе ги депортира мигрантите кои живеат илегално во САД, а неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека ќе депортира милион луѓе годишно, пренесува Ројтерс.
Мексико е клучна алка во американската имиграциска политика во последниве години, прифаќајќи имигранти од земји како Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела кои биле депортирани од САД.
Видете и ова: Претседателката на Мексико до Трамп: Не планираме да ја затвориме границатаСложените дипломатски односи што САД ги имаат со некои од овие земји го отежнуваат депортирањето на мигрантите од овие националности директно во нивните земји на потекло.
„Се надеваме дека ќе постигнеме договор со администрацијата на Трамп, така што, ако дојде до тие (масовни) депортации, тие да ги испраќаат луѓето од други земји директно во нивните земји на потекло“, рече Шејнбаум на прес-конференција.
Мексиканската претседателка додаде дека Мексико е „во солидарност со сите, но главна цел е да прими Мексиканци“.