Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна на самитот на ОБСЕ во Малта, во неговата прва посета на земја од ЕУ по руската инвазија на Украина во 2022 година.
Дипломатот не ги коментираше новинарите додека влегуваше на состанокот на министрите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Та'Кали, во близина на Валета.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, исто така, присуствува на состанокот.
Рускиот дипломат, кој е санкциониран од Европската Унија, не го посетил блокот од декември 2021 година кога присуствуваше на состанокот на ОБСЕ во Стокхолм, објавија руските медиуми.
На последниот министерски самит пред една година во Северна Македонија, Лавров ја обвини ОБСЕ дека станува „додаток“ на НАТО и ЕУ.
Видете и ова: Карпентер: Никој не сака да седи на маса со ЛавровУкраина повика Русија да биде исклучена од организацијата и го бојкотираше самитот во Скопје поради присуството на Лавров. Меѓутоа украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига е присутен на самитот во Малта.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, земјата која се смета за сојузник на Украина, рече дека тој лично нема да седне на маса со Лавров.
„Господинот Лавров доаѓа овде да лаже за руската инвазија и она што Русија го прави во Украина. И јас нема да ги слушам тие лаги“, рече тој.
Инаку самитот доаѓа во чувствително време за Украина.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе изврши притисок за брз договор за завршување на војната, оставајќи го Киев да се бори да добие безбедносни гаранции од западните сојузници и снабдување со клучно оружје пред неговата инаугурација во јануари 2025 година.
ОБСЕ е основана во 1975 година со цел да се намалат тензиите меѓу Истокот и Западот за време на Студената војна. Во моментот брои 57 членки од Турција до Монголија, Обединетото Кралство и Канада, како и САД, Украина и Русија.
Таа им помага на своите членови да ги координираат прашањата како што се човековите права и контролата на оружјето, но Москва сè повеќе ја обвинува групата дека се оддалечува од нејзините основачки принципи.