Руската државјанка Нома Зарубина е уапсена под можни обвиненија за давање лажни информации на американската полиција и одржување врски со руските разузнавачки служби, поврзувајќи ја со друг осомничен шпион кој побегнал од САД додека властите го гонат.
Според наводите на ФБИ презентирани на сослушувањето во Јужниот окружен суд во Њујорк кон крајот на ноември, Зарубина била регрутирана од Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во 2020 година и работела под кодното име „Алиса“.
Таа, наводно, работела на изградба на мрежа на контакти меѓу новинари и експерти додека извршувала задачи за офицер на ФСБ од нејзиниот роден град Томск во Сибир.
ФБИ тврди дека Зарубина намерно довел во заблуда агенти во 2021 година, негирајќи каква било поврзаност со руското разузнавање. Спротивно на нејзините изјави, таа наводно присуствувала на форуми и состаноци во Европа и САД за да ги исполни задачите на ФСБ.
Имено, самопрогонетиот руски опозиционер Леонид Волков на 2 декември на Фејсбук изјави дека ја видел Зарубина на собир во Вашингтон со неговите приврзаници во јануари 2023 година.
Видете и ова: Како Русија ги подготвува децата во окупираните делови од Украина за војна против сопствената земјаСлучајот, исто така, ја поврзува Зарубина со Елена Бренсон (алијас Черних), шеф на Координативниот совет на руските сонародници во Соединетите држави, која беше обвинета во 2022 година за незаконски активности во име на руското разузнавање.
Бренсон, која побегна од Соединетите држави откако полицијата во тоа време упадна во нејзиниот стан во Њујорк и се верува дека моментално е во Русија, се вели дека е ментор на Зарубина од 2016 година.
Зарубина беше ослободена со кауција од 25.000 долари, со ограничувања што ѝ забрануваат да го напушти Њујорк, да контактира со руски официјални лица и да го предаде пасошот. Таа рече дека нејзината кауција ја гарантира трето лице, но не кажа за кого станува збор.
Зарубина одржува активен јавен профил, честопати учествувајќи како експерт на конференции, како што е Форумот на слободни поструски држави. Во објавите на социјалните мрежи, таа шпекулираше за политичката иднина на Сибир, залагајќи се за „обединета сибирска држава“.
И покрај нејзините јавни изјави дека негираат шпионажа, нејзината онлајн активност сугерира покомплексен наратив. На пример, до септември 2023 година, нејзиниот профил на ВКонтакте вклучуваше објави кои ги поддржуваат политиките на Кремљ, вклучувајќи го и говорот на претседателот Владимир Путин во 2014 година за анексијата на Крим на Украина, потег што ОН, САД и Европската унија (ЕУ) го нарекоа незаконски.
Видете и ова: Обвинет за шпионажа за Русија, разговарал за убиство на истражувачки новинар, тврдат британски обвинителиВо интервју за програмата на Радио Слободна Европа „Сибир реалитис“ Зарубина негираше дека работи како агент на ФСБ, но призна дека руските разузнавачки служби ја контактирале на крајот на 2020 година.
Таа опиша дека била принудена на состанок со офицери на ФСБ во Томск, каде што разговарала за нејзиното лично потекло, по што била следена. Зарубина тврди дека контактирала и со ФБИ во април 2021 година за соработка, споделувајќи сознанија за различни теми, вклучително и Украина, и продолжила да се состанува со нив.
Зарубина вели дека не очекувала ФБИ да ја уапси, изјавувајќи: „Мислев дека сме во добри односи; им помагав. Не очекував да ги искористат моите информации против мене“.
Таа се плаши од одмазда на руските разузнавачи, за кои верува дека не биле свесни за нејзината соработка со американските власти. „Ова повеќе не е за лажно сведочење - тоа е предавство во нивните очи“, рече таа.