Пратеничката група на Европскиот фронт, поднесе интерпелации за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени но и на наредната седница на дневен ред да биде ставена информација безбедносната состојба во земјата.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети денеска на прес-конференција рече дека тие бараат информации за безбедносната состојба во земјата во последниот период, хронолошка детална информација за настаните во Куманово, особено во врска со палењето на деловни објекти во овој град и нападите врз имотите на граѓани од албанска етничка припадност , спроведените мерки и истраги за расветлување на случаевите имајќи го предвид нивното можно влијание врз меѓуетничките односи, во врска со настаните на кои се случија палења на знамиња, како и информација за селективниот пристап во смисла на процесирање на учесниците на истите настани и сите детали во врска со мерките за институционален одговор и превенција од потенцијални слични настани.
„Заменик премиерот Меџити како вицепремиер во оваа влада е одговорен за лошото управување со состојбите кои се случуваат во државата, вклучително и меѓуетничките односи“, рече координаторот.
Видете и ова: План или приказни за дестабилизација - политиката го пали фитилотМинистерот за внатрешни работи Тошковски и неговиот заменик Исени, на денот на празникот на албанското знаме, како одговорни лица, според него, и наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.
„Оваа интервенција предизвика непотребни тензии и ја поткопа атмосферата на мир и меѓуетнички соживот. Полицијата наместо да го одржува јавниот ред и да ги почитува правата на граѓаните да го прослават овој ден, поттикна конфронтации и ескалација на тензии, рече Беџети.
Според него, не е уапсено лицето кое запалило албанско знаме.
Коалицијата ВЛЕН ја отфрли интерпелацијата. Ова е класичен предвидлив чекор на ДУИ кој следува после оркестрираното и организирано нарушување на мирното славање на 28 ноември од страна групи блиски до ДУИ и Артан Груби, сметаат од ВЛЕН.